речник контакт

Во велешко има 3,7 илјади невработени, што е за илјада помалку од пред две години

Од вкупниот број невработени 2.220 се без образование или со основно

Петар Печков

Во Велес и велешко, вклучувајќи ги и општините Градско и Чашка има 3.739 невработени  што е за 998 помалку отколку пред две години (4.737) за истиот период 30 јуни 2023-2021. 

Од вкупниот број на невработени 1.871 се жени  (2.380 пред две години). Ова се податоци од Агенцијата за вработување во Велес, а ги покрива и соседните две општини. Нема податоци дали ова намалување на бројот на невработени се должи на зголемениот број на вработени или одливот на работна сила од градот и земјава.

Од вкупниот број невработени 2.220 се без образование или со основно а од овој број 1.107 се жени. Со непотполно средно образование се 424  лица од нив 185  се жени. Со завршено средно се 844 граѓани од нив 407  се жени.

Со вишо образование невработени се 46 лица од нив 25 се жени. Со високо образование 190  се невработени од нив 127 се жени. Има 15 магистри кои се невработени а 10 се жени. Ако пред две години во овој период имало еден невработен доктор на науки,   сега нема регистрирано во агенцијата за вработување.  

На ниво на држава во Македонија има107.049 невработени, што е за 28,.556 помалку отколку пред две години 30 јуни 2021.  (135.605). Од нив без образование или со основно се 63.342, со незавршено средно 9.352, со средно 26.103, со вишо 813, со факултет 6.820, магистри се  599 и 20 се доктори на науки- повеќето се од Скопје, но има и во по двајца во Кичево и Куманово и по еден во  Тетово, Битола, Струга, Штип, Струмица.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »