речник контакт

Во велешко има 4,7 илјади невработени, меѓу нив и еден доктор на науки

На ниво на држава во Македонија има 135.605 невработени

Петар Печков

Во Велес и велешко, вклучувајќи ги и општините Градско и Чашка има 4.737 невработен од кои половината- 2.380  се жени. Ова се податоци од Агенцијата за вработување во Велес, а ги покрива и соседните две општини.

Од вкупниот број невработени 2.642 се без образование или со основни а од овој број 1.303 се жени. Со непотполно средно образование се 606 лица од нив 254 се жени. Со завршено средно се 1.156 граѓани од нив 604 се жени.

Со вишо образование невработени се 46 лица од нив 26 се жени. Со високо образование 268 се невработени од нив 182 се жени. Има 16 магистри кои се невработени а 11 се жени, како и еден доктор на науки кој е лице од машки пол.  

На ниво на држава во Македонија има 135.605 невработени. Од нив без образование или со основно се 76.458, со незавршено средно 13.202, со средно 34.212, со вишо 1.166, со факултет 9.803, магистри се  737 и 25 се доктори на науки- повеќето се од Скопје, но има и во Тетово, Битола.

Податоците се заклучно со 30-ти септември  

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »