речник контакт

Во велешко има активни 22 случаи со кoвид-19

Само пет пациенти се згрижени во Велешка болница

Петар Печков

Продолжува трендот на намалување на бројот на активни случаи со ковид-19 во велешко.

Денес Министерството за здравство соопшти дека има 22, а пред шест дена имаше 26.

Изминатите 24 часа има четири нови случаи а оздравен е еден пациент.  

Во Велешка болница се згрижени пет пациенти, сите се на Инфективно одделение сите се позитивни на ковид-19.

АНКЕТА »

Дали на Велес му е потребна освен постојната градска линија Автобуска- Железничка - Превалец и обратно , уште една линија на друга релација?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »