речник контакт

Во велешко најмногу органски производители

Од 300 одобрени органски производители во Македонија, една третина се од велешко

Петар Печков

  Во поширокиот велешки регион 92 индивидуални земјоделци добија сертификат за органско производство во преод. Тие ќе треба следните пет години да работат на одржување на условите, за  да можат потоа да го добијат сертификатот за органски производител. 

Најмногу од земјоделците 42 се од општина Чашка,  30 од општина Велес и 20 од општина Градско. Најголемиот дел од органски производители се од областа на сточарството, потоа на житните култури а има и една винарија. Од Агенцијата  за поттик на развојот на земјоделието во Велес се задоволни од високиот процент на органски производители во преод, бидејќи од вкупно 300 одобрени  во Македонија, една третина се во велешко. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »