речник контакт

Во велешко нема нов случај на позитивен со ковид-19

Во велешка Болница се хоспитализирани 17 пациенти

Петар Печков

Нови случаи на позитивни на ковид-19 во велешко нема а изминатите 24 часа оздравени се три пациенти. Ова се податоците кои ги објави Институтот за јавно здравје. Активни случаи во велешко има 69 а досега биле заразени 5.466 лица.

Во велешка Болница се хоспитализирани 17 пациенти, на  Инфективно и Интерно  одделение по седум а во Модуларната болница тројца.

„На кислородна поддршка се пет пациенти. Испишан е еден пациент како оздравен со еден негативен тест“- соопшти д-р Елеонора Јованов, портпарол на Општа Болница Велес. .

Од  лежечките пациенти   шест  се потврдени позитивни,четворица се  сомнителни и седум пациенти со негативен тест но задржани на болничко лекување поради здравствени проблеми.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »