речник контакт

Во велешко нема ново заразени ниту оздравени од ковид-19

Активни се два случаи, во болница се згрижени девет пациенти

Петар Печков

Во велешко изминатите 24 часа нема ново заразени со ковид-19, нема оздравени. ова е информацијата од Институтот за јавно здравје. Така останува бројот на активни случаи од две лица.  

Во велешка Болница хоспитализирани се  девет пациенти,  од кои две се потврдени позитивни,тројца  сомнителни и четворица  пациенти со негативен тест но задржани на болничко лекување.

На кислородна поддршка се тројца  пациенти. На Инфективно  одделение се тројца а на  Интерно шестмина.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »