речник контакт

Во велешко оздравени се 43 пациенти, еден починат позитивен на ковид-19

Активни има 413 случаи а во Болница се 63 пациенти

Петар Печков

Изминатите 24 часа, во велешко оздравени се 43 пациенти а ново заразени со ковид-19 се 10, соопштија од Министерството за здравство. Или активни се 413 пациенти а досега биле заразени 5.433 лица.

„Починат е пациент на 78 годишна возраст, позитивен од Велес, лекуван  на Интерно одделение  два дена.  Во текот на вчерашниот ден пациентка  на 72 годишна возраст е  транспортирана во Приватна Болница -Жан Митрев- Скопје. На кислородна поддршка се 23 пациенти. Испишани се 16 пациенти како оздравени со по еден  негативен тест“ – кажа д-р  Елеонора Јованова портпарол на Општа Болница Велес.

Во велешка Болница хоспитализирани се  63 пациенти,  од кои 42 се потврдени позитивни, тројца сомнителен  и 18 пациенти со негативен тест но задржани на болничко лекување. На Инфективно одделение се   37 пациенти, на Интерно седум и во Модуларната болница 19.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »