речник контакт

Во велешко повеќе оздравени отколку нови случаи со ковид-19

Во трите ковид одделенија од велешка Болница згрижени се 35 пациенти тројца помалку од вчера

Петар Печков

Повеќе оздравени отколку ново заразени случаи се регистрирани во велешко изминатите 24 часа. Податоците од Министерството покажуваат дека има 31 оздравен и 15 нови случаи. Бројот на активни случаи во велешко е 297 лица. Починати нема.

Во трите  ковид одделенија од велешка Болница згрижени  се 35  пациенти тројца помалку од вчера . Hа Инфективно  се хоспитализирани  16, на  Интерно  седум  и на Физикално 12 пациенти. Потврдено позитивни се 18, непотврдени  се четворица   и негативни се 14  но со потреба од болничка нега.

„Испишани се петмина   пациенти со  еден негативен тест, ново примени нема.  На кислородна поддршка се 20 лица“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на Општа Болница Велес.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »