речник контакт

Во велешко повторно повеќе оздравени 27 од ковид-19, отколку ново заразени 19, еден починат

Активни се 741 случај на лица со корона вирусот од нив 674 се на домашно лекување. Досега 66 лица починаа од компликациите од корона вирусот

Петар Печков

Во велешко денес, недела, има  19 лица ново заразени  со ковид-19, со што  вкупниот број стигна до  1.971.Оздравени  се 27  или вкупно 1.164 пациенти, соопштија од Центарот за јавно здравје Велес. 

Во велешко има активни 741 случаи на лица со корона вирус,  60 се сместени во велешка болница, седум во приватни клиники во Скопје а 674 се на домашно лекување.

Во велешката Болница хоспитализирани се вкупно 63 пациенти, 55 потврдени позитивни, тројца  сомнителни и петмина  пациенти со негативни тестови но со здравствени проблеми, 22 пациенти се на кислородна поддршка.

На Инфективно одделение се 45 пациенти, на Физикално 13 и на Интерно петмина. 

Од Болница соопштија дека е починат маж од Велес вчера околу 21ч. на 67 години, потврден позитивен на ковид-19. Тој е 66-та жртва ма корона вирусот во велешко. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »