речник контакт

Во велешко распределени 177 ха обработлива земја на 82 земјоделци

Договорите се за површини до три хектари

Петар Печков

Претпладнево министерот за земјоделие Љупчо Николовски на земјоделците од Велес и Велешко   им ги додели договорите за закуп на државно земјиште до три хектари,  од последните два јавни повици. Во регионот се потпишаа 82 договори за површина од 177 хектари.

„Политиката за ставање во функција на целокупното земјиште ја продолжуваме и во следниот период, преку транспарентно, отчетно објавување на огласи и давање под закуп на државно земјоделско земјиште. Правичната и неселективна распределба на земјата кај вистинските земјоделци значи зголемени обработливи површини и зголемено производство на квалитетни, конкурентни и безбедни земјоделски производи. Работиме заеднички преку одлучни, ефикасни мерки, до конечни резултати““ - кажа Николовски при врачувањето на решенијата.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »