речник контакт

Во велешко само 16 активни случи со корона вирус, денес дури петмина оздравени и еден позитивен

На Инфективното одделение се хоспитализирани 15 лица, 12 се потврдено позитивни

Петар Печков

Осетно се намалува бројот на активни случи на ковид-19 во велешко. И додека во други градови расте, во Велес и околината се намалува бројот на заболени со корона вирус.

Заклучно со вчера има регистрирано еден нов случај и дури петмина оздравени.  Така во велешко бројката на активни случи падна на само 16 лица.   

Имаме еден нов случај на позитивен со ковид-19, тоа е маж, кој бил вработен во Скопје и патувал до работното место. Тој е на домашно лекување. Од епидемиолошката анкета смета дека се заразил од таму, имаме петмина оздравени, сите се од Инфективно одделение - велат од Центарот за јавно здравје Велес.  

На Инфективното одделение се хоспитализирани 15 лица, 12 се потврдено позитивни, за три се чекаат резултати и пет лица биле пуштени, откако имале два негативни теста на земениот брис. 

Досега во велешко  вкупно заразени се 213 лица, оздравени се 184 а починати се 13.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »