речник контакт

Во велешко се помалку склучени бракови

Бројката на склопени бракови последните десет години во опаѓање. Лани се развеле 43 брака. Каква е состојбата во Општините Градско, Лозово и Чашка.

Петар Печков

Минатата година во велешко се склучени 316 брака што е најмалку во ова десетлетие, од 2010-та наваму. Ова го покажуваат бројките на Државниот завод за статистки.  Само за илустрација во 2017-а имало  склучено 323 а во  2016-та 327 брака. Во 2018-та имало 43 разводи а во 2017-та имало рекордни 51 што е најмногу во оваа декада. Критични за бракот се помеѓу 5-тата и 10-та година кога има најмногу разводи. 

Еве каква е состојбата во соседните општини.

 Во Градско лани имало склопено 17 брака и еден развод а во 2017-а имало 27 брака со четири разводи.

 Во Лозово лани има 14 брака со два разводи а во 2017-та има 11 брака, разводи нема. 

Во општина Чашка во 2018-та има склопени 31 брак  и пет разводи а во 2017-та има 42 брака и три разводи. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »