Петар Печков
Објавено: вторник, 09 јуни 2020
МВР информираше за два случаи на криумчарење на мигранти. И двата се случила на автопат Гевгелија- Велес, во едниот уапсен е возачот во другиот не. Едниот настан се случил утрово, вторник другиот во неделата наутро.
Утрово 9-ти јуни во СВР Велес е лишен од слобода А.С.(45) од с.Лојане, липковско, поради тоа што околу 3 часот на автопатот Градско - Велес, во близина на клучка Велес - Штип – Скопје, при контрола на патничко возило „фолксваген шаран“, со скопски регистарски ознаки, кое тој го управувал, било утврдено дека во возилото превезувал 12 мигранти, од кои 10 од Авганистан и двајца од Иран - информираше Верољуб Додевски, портпарол на СВР ВЕлес.
Неделата утрото на 7-ми јуни околу 8 часот од полициски службеници, на паркинг од угостителски објект на магистрален пат Гевгелија - Демир Капија, во патничко возило „фолксваген пасат“, со кавадаречки регистарски ознаки, биле пронајдени девет лица мигранти од Пакистан, Бангладеш и Сирија. - пишува во соопштението на МВР.
Tweet |