речник контакт

Во дербито на дното на Првата лига, пораз за ФК Борец во Битола од ФК Пелистер

Трета лига Југ ФК Младост:ФК Превалец 3:6

Петар Печков


Пораз за фудбалерите на ФК Борец во дербито на дното, на двете последно пласирани екипи. Во Битола велешани загубија со 2:1 од фенерџијата ФК Пелистер  (0:0). Головите домаќините ги постигнаа во  65` и 70` минута со тоа што  во нападот пред да примата гол, велешани бараа пенал но судијата не свирна, иако очигледен беше фаулот на домашниот фудбалер во 16-кот. Во контра еден не така сериозен ниту опасен удар од 16 метри но топката се тркала во  мрежата на велешани.  Голот за ФК Борец го постигна Николовски во 82-та минута.   По ова 32 коло ФК Борец останува на 21 бода и 11-тото место а во последната средба за разделба од Првата лига, дома в недела играат со екипата на ФК Ренова која е шесто пласирана.

Во 16-тото коло од Третата фудбалска лига Југ, во прилепско Кривогаштани убедлива победа за превалчани.  ФК Младост : ФК Превалец 3:6 (1:5). Домаќините кои се 12-ти од 13 екипи со само 10 бода беа лесен противник за разиграната екипа на ФК Превалец. По ова коли тие остануваат на второто место со 35 бода. Во следното коло во Превалец гостува екипата на ФК Обршани од истоименото прилепско село која е  11-та со 12 бода.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »