речник контакт

Во дискотека се степале двајца директори на основни училишта од Кавадарци

Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев најави разрешување на директорите на основни училишта

Петар Печков

СВР Велес вечерва излезе со официјална информација  по видеото за тепачка на двајца директори на основни  училишта во Кавадарци, објавено на социјалните мрежи.  

Станува збор за директорот на ОУ Димката Ангелов – Габерот, Г.Г. и директорот на ОУ Тошо Велков- Пепето, С. П. Тие биле приведени во полициската станица поради напад на обезбедувањето, под дејство на алкохол, како и поради нарушување на јавниот ред и мир.

„Во текот на 10 јуни, сабота,  околу 01.15 часот, полициски службеници од Полициската станица Кавадарци ги привеле С.П.(54 год) и Ѓ.Ѓ.(39 год), двајцата од Кавадарци затоа што пред угостителски објект во Кавадарци го нарушиле јавниот ред и мир и агресивно се однесувале кон лица од обезбедувањето“- соопшти Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.  

Тој најави дека по расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава против лицата.
Градоначалникот на Кавадарци  Митко Јанчев кажа   дека по информациите добиени од МВР, во понеделник ќе преземе чекори и најави разрешување на директорите на основни училишта.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »