речник контакт

Во дом на 18 годишно момче пронајдена малолетничка, која мајка и ја барала како исчезната

Момчето се сомнева за вонбрачен живот со малолетничка

Петар Печков

Вторникот на пладне, во неговиот дом, уапсен бил 18 годишен велешанец, поради сомнение за вонбрачен живот со малолетничка. Деталите од информацијата на СВР Велес.

„На 23 јули  во 12.30 часот, полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Велес го лишиле од слобода В.В.(18 год) од Велес поради сомнение за сторено кривично дело по член 197 од Кривичниот законик. Во неговиот дом била пронајдена малолетничка за која на 13.07.2024 нејзината мајка Н.М.(41 год) од Скопје во СВР Скопје пријавила дека се оддалечила од домот“- соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.

В.В. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ке биде поднесена пријава.

АНКЕТА »

Каде го минавте летниот одмор?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »