речник контакт

Во затворот во Велес, кај затвореник пронајдена дрога

Кај лице од Неготино имало пакување хероин

Петар Печков

МВР соопшти дека во вторникот попладне, кај затвореник oд затворот во Велес била пронајдена дрога.

„На 23 август  околу 15.30 часот во СВР Велес, од Казнено -поправната установа Затвор Велес било пријавено дека кај затвореникот Ј.Н.Л.(26) од Неготино било пронајдено едно пакување хероин. Полициски службеници од крим полиција при СВР Велес извршиле увид, а дрогата била одземена за понатамошна постапка“ - информираа од МВР.

Од полицијата додаваат дека по целосно документирање на случајот ќе следи соодветна пријава.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »