речник контакт

Во изолација во велешко стотина лица, полицијата тврди дека сите ги почитуваат решенијата и седат дома

Вчера во Велес констатирани 34 прекршока оти граѓани не носеле заштитни маски

Петар Печков

СВР Велес со информација дека продолжува да расте бројот на лица во велешко кои се во изолација, оти мале контакт со лица кои се заразени.

Во период 02/03.06.2020 год. има три  нови регистрирани лица со Решениe за изолација во Велес, а со Изјава за самоизолација нема нови лица. Вкупно со Решение во изолација има 100 во Велес, со Изјава за самоизолација три се во Велес - информираше Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Од страна на полициски службеници извршени биле контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што, сите ги почитувале овие мерки.

Во овој период  за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита казнети се 34 во Велес.  Тие добиваат прекршочна пријава во глоба од 20 евра.

На прашање од ТрМр  Додевски одговори дека од петокот до понеделникот заедно со инспектори од Државен пазарен инспекторат (ДПИ) во Велес се контролирани вкупно 75 угостителски објекти.

На вчерашниот прес од ДПИ кажаа дека се поднесени  26 кривични пријави за непочитување на протоколите за работа на угостителите, но не беше соопштено  дека меѓу овие кои не ги почитуваат мерките,   има угостителски објект од Велес.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »