речник контакт

Во касарната во Велес почна обуката на 10 та генерација војници на доброволно служење во АРМ

Свечено беше означен почетокот на обуката на новата генерација војници на доброволно служење во АРМ.

Петар Печков

Во Центарот за индивидуална обука (ЦИО), кој е во склоп на Командата за обука во гарнизонот во Велес денеска ( петок) свечено беше означен почетокот на обуката на новата генерација војници на доброволно служење во АРМ.

Успешна тримесечна обука на младите војници им посака полковник Трајанчо Петров командат на ЦИО.

- Наша цел е како и со пртходните генерации и Вас да ве обучиме во добри војници кои потоа ќе се вклучат во безбедносниот систем на Републикм Македонија, како идни припадници на АРМ, рече полковник Петров.

Војниците во наредните три месеци ќе треба да ја завршат основната воена обука, која е главен предуслов да се пријават на еден од конкурсите на АРМ за професионални војници.  

Десетата генерација војници на доброволно служење во АРМ брои 200 припадници од кои осум се девојки. Првата генерација на доброволци во АРМ во ЦИО ја почнаа обуката во јануари 2007 година

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »