речник контакт

Во кои држави доаѓаат најмалку туристи

Не се Сирија, Сомалија, Авганистан, туку..островска држава која има само два хотели со вкупно 10 илјади жители

Петар Печков

Светската туристичка организација на ОН (UNWTO) спроведе истражување за тоа колку туристи во текот на годината посетуваат одредени делови од светот.

Според „Business Insider“, тешко е да се одреди точниот  број кога е во прашање оваа тема затоа што различни држави на различни начини ги пресметуваат туристите. Некои ги бројат само оние  кои во земјата доаѓат со авион, други бројот на луѓето кои претстојуваат во хотелите и слично.

Според податоците собрани од страна на UNWTO, најмалку луѓе ја посетиле Република Науру, мала островска држава во Микронезија. Зошто? „Business Insider“ пишува дека на целиот остров се наоѓаат само два хотели и дека живеат помалку од десет илјади луѓе. Површината на државата изнесува околу 21 километар, а во 2013 година таа примила само 160 туристи. Веднаш под Науру, на списокот е Сомалија со 400 туристи годишно, Тувал со 1.200 и Маршалски острови со 4.600 посетители.

Список на земји кои се посетени од најмал број туристи:

1. Науру – 160 туристи

2. Сомалија – 400 туристи

3. Тувал – 1.200 туристи

4. Маршалски острови – 4.600 туристи

5. Јужен Судан – 5.500 туристи

6. Екваторијална Гвинеја – 5.700 туристи

7. Кирибати – 6.000 туристи

8. Либија – 6.250 туристи

9. Гвинеја Бисао – 7.500 туристи

10. Туркеменистан – 8.697 туристи

11. Сао Томе и Принципе – 10.000 туристи

12. Авганистан – 13.300 туристи

13. Коморос – 21.000 туристи

14. Либерија – 24.000 туристи

15. Соломонови Острови – 24.400 туристи

16. Мавританија – 35.000 туристи

17. Сојузна Држава Микронезија – 35.000 туристи

18. Сиера Леоне – 44.000 туристи

19. Тонга – 45.000 туристи

20. Гвинеја – 56.000 туристи

21. Лихтенштајн – 60.000 туристи

22. Џибути – 63.000 туристи

23. Ст. Винсент и Гренадини – 71.000 туристи

24. Централноафриканска Република – 71.000 туристи

25. Источен Тимор – 78.000 туристи

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »