речник контакт

Во крводарителска акција во Чашка собрани 14 крвни единици

Се пријавиле 24 но десетмина не им било дозволено да даруваат крв

Петар Печков

Во втората  крводарителска акција годинава во велешко, реализирана денес во населба Чашка, биле собрани 14 крвни единици.

На акцијата се пријавиле 24 лица, но 10 не ги исполниле условите за да даруваат крв. Меѓу лица кои дарувале нема нови првократни дарители.

За потсетување минатата недела се одржа првата, која беше во Велес и на неа се собраа 66 крвни единици.

Или вкупно 80 од двете реализирани од страна на Општинската организација на Црвен крст Велес заедно со Институтот за трансфузиона медицина од Скопје. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »