речник контакт

Во крводарителската акција во ОУ Блаже Конески собрани 17 крвни единици

Тоа беше последна 27 акција за дарување крв годинава, на подрачјето нa ОО Црвен крст Велес

Петар Печков



По повод патрониот празник, во ООУ „Блаже Конески“ се одржа традиционалната крводарителска акција. На истата даруваа вработените во училиштето и родителите на учениците.

„Акцијата помина успешно и се донираа вкупно 17 крвни единици. Тројца од дарителите даруваа за прв пат и станаа дел од најхуманото семејство во државата“ - информира Орце Николов, секретар на ОО Црен крст Велес.

.Ова е традиционална акција која Црвен крст на РСМ Општинска организација Велес и ООУ „Блаже Конески“ ја реализираат над 15 години.

Денешната е последна 27-ма крводарителска акција за 2023 година.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »