речник контакт

Во крводарителската акција за Денот на општината 9 Ноември собрани 166 (фото)

Се организира од Мото клубот Носачи на крстот, 16 година по ред, со тоа што последните три години има и пролетни акции, или вкупно се организирани 19

Петар Печков

Уште една успешна крводарителска акција по повод 9-ти Ноември Денот на Општина Велес организирана од Мото клубот Носачи на крстот. Таа се организира   16 година по ред, со тоа што последните три години има и пролетни акции, или вкупно се организирани 19.

На денешната акција беа донирани 166 крвни единици. Акцијата заеднички ја реализираа Општинската организација на Црвен крст Велес, Мото клубот Носачи на крстот и Општина Велес заедно со Институтот за трансфузиона медицина помогнати од Театар Џинот.

На оваа крводарителска акција се приклучи и градоначалникот Марко Колев, кој е долгогодишен дарител.  

„Крвта значи здравје и живот, а дарувањето крв прави секој од нас да има привилегија да спаси живот“ - порача Колев.

На платото пред театарот  се одржа  забава на која настапи групата D Chicks.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »