речник контакт

Во кругот на касарната ќе се градат станови за припадниците на АРМ

126 лица од велешката казсарна се пријавиле да конкурираат за стан, кој ќе се гради горниот дел од касарната и излегува на главната улица „ Благој Ѓорев‘‘.

Петар Печков

Во велешката касарна „Алексо Демниевски - Бауман‘‘ 126 припадници на АРМ се заинтересирани преку проектот „АРМ мој вистински дом‘‘ да си го решат станбеното прашање. Но, овие бројки се првични и прелиминарни затоа што рокот, потсети  Есмеров, трае до 21 април годинава, кога ќе се знае и конечната бројка.

Претставници на Министерството за одбрана во касарната го претставија проектот. По средбата и разговорите  на кои беа прифатени и предлози и сугестии од претставниците на АРМ,  Петар Есмеров државен секретар  во Министерството за одбрана, изјави дека во изминатите месеци  е направена  анкета меѓу вработените  во Армијата со цел да се види интересот за овој проект.

Според првичните резултати, над 50 отсто од армиските припадници односно 4.300 на АРМ се заинтересирани да си го решат станбеното прашање.  Според  Есмеров до крајот на годинава се очекува да почне и градбата на станбените згради, што не би требало да биде подолго од 18 месеци. Во Велес  во кругот на касарната беа предложени две локации за станбени згради, а прифатена е локацијата која е на горната страна од касарната и излегува на главната улица„ Благој Ѓорев‘‘.

АНКЕТА »

Каде го минавте летниот одмор?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »