речник контакт

Во локалното дерби ФК Превалец и ФК Борец одиграа без голови

Пораз за екипата на КМФ Кеги моби во Првата футсал лига, пораз и за фудбалерките на ЖФК Борец дома. Одиграно второто коло на ОФС Велес, резултати

Петар Печков

Во првата футсал лига, екипата на КМФ Кеги моби загуби дома со 5:9 од екипата на КМФ Бутел и по три кола во Првата лига има една победа -реализирана на гости и два порази на домашен терен.

Во Трета лига Југ се одигра месното дерби но и дерби според пласманот, играа ФК Превалец и ФК Борец, првопласираните две екипи на табелата. Натпреварот заврши без голови 0:0. Овој резултат им овозможи на екипата на ФК Големо Коњари да се најдат на врвот со 12 бода а по 11 имаат ФК Борец и ФК Превалец.   Во следното коло на Градски играат ФК Борец и ФК Големо Коњари, додека ФК Превалец гостува во Прилеп кај ФК Ултрас кој е претпоследен на табелата со 6 бода. Исто толку има и ФК Локомотива од Градско, која ова коло беше слободна а во следното игра со  ФК Питу Гули од Крушево, кој е сосед на таблата со исто така 6 бода.

Женската екипа на ЖФК Борец забележа уште еден пораз, овој пат на домашен терен, од 0:6 со екипата на ЖФК Плачковица. Велешанки по шест кола, остануваат шести  со 4 бода а во последното есенско коло на Втората лига гостуваат на екипата на ЖФК Порече, која е последна без освоен бод.

Се одигра второто коло од Општинска фудбалска лига Велес.

Постигнати се следните резултати
ФК Башкими - ФК Мартолци    2:0
ФК Согле - ФК Горски               1:0
ФК Чашка - ФК Тополка            6:1
ФК Форца нова - ФК Бабуна    1:3
ФК Младост - ФК Илинден       0:3
слободна беше екипата на ФК Богомила

во третото коло играат:
ФК Тополка - ФК Форца нова
ФК Илинден - ФК Чашка
ФК Мартолци - ФК Согле
ФК Богомила - ФК Башкими
ФК Горски - ФК Младост
слободна екипата на  ФК Бабуна

фото ФБ/ ФК Превалец

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »