речник контакт

Во мај месец 18 случаи на заболени од мали сипаници

Седум се бебиња и десет жени- мајки на заболени бебиња

Петар Печков

И во месец мај продолжи трендот на заболени од мали сипаници. Според податоците од Центарот за Јавно здравје -Велес, регистрирани се 18  случаи и тоа пет се од Велес, по 4 од Бузалково и Горно Јаболчиште и по еден случај од неколку села. По возрасна група седум се бебиња на возраст кога не се вакцинирани и другите се на возраст од 30 до 40 години. 

Имаме поврзаност на случаите на заболени од мали сипаници. Тоа се бебиња и нивните мајки.  Во ниту еден случај мажите од овие семејства не се заболени, бидејќи тие уште како деца добиле вакцина. Мажите се родум од велешко. Сите случаи на заболени  жени, кои се омажиле во велешко  се дојдени од региони каде има низок степен на вакцинација или се од други држави каде исто така има мала опфатност со вакцина за морбили - вели епидемиологот сци. д-р Билјана Трајкова од Центарот за јавно здравје во Велес. Таа очекува дека и во наредниот период ќе има случаи на заболени од оваа заразна болест, бидејќи се шири во подрачја каде има голем број не вакцинирани пред се жени.  Од почетокот на годинава во велешко за пет месеци има регистрирани вкупно 48 заболени лица од мали сипаници. 

Заради елиминирање на можноста да се шират малите сипаници а во согласност со препораката на Министерството за здравство, во тек е вакцинација на здравствените работници. Досега против морбили  биле вакцинирани  226 лица, од нив 140 од Општа Болница Велес, 55 од Здравствен дом Велес, 27 од Болница Јасеново и 4 од Центарот за Јавно здравје. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »