речник контакт

Во месец март, првата премиера на велешки театар

Објавен репертоарот на велешки театар за овој месец, март

Петар Печков

Велешкиот народен театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ го објави репертоарот за месец март. При крајот на месецот е најавена и првата годинешна премиера.

Спектаклот „Инферно“ на Дејан Пројковски а работен по Пеколот на Данте, кој ја воодушевува публика, не само од Велес, Македонија  туку и од регионот  ќе се прикаже на 4 март.

Од претставите кои се дело, продукција на велешки театар овој месец  на големат сцена ќе бидат прикажани „Четири соби“ на Синиша Ефтимов на 30 март, „Слуга на двајца господари„  од Ненад Витанов на  11 март. На  малата сцена се најавени  „Татко“ од Ненад Витанов  на 2 и 16 март, „Синиот портокал“  од Александар Ивановски на 18 март и „Сара“ на Елеонора Теова  се одигра на 1 и ќе се игра на 22 март. На 15 март е „Креонт и Антигона“ авторски проект на режисерот Дејан Ангелов.  

На 9 март е гостувањето на стенд ап комичарот Никола Тодоровски а на 17 март  гостување на  Артопија при МКЦ од Скопје со претставата „Глумици“.  

Првата годинешна премиера, на велешки театар а која се работи со сопствени средства  е  „Нема струја за електричен стол“ во режија на Дејан Пројковски и  по текст на бугарскиот автор Александар Секулов. Таа треба да се изведе на 27 и 28 март, претстава со која велешки театар ќе го одбележи Светскиот ден на театарот. 

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »