речник контакт

Во населба Отовица акција за апсење на лице кое бегало од полицијата

За да застане со неговиот автомобил, полицијата пукала во воздух

Петар Печков

Понеделникот доцна попладнето бил уапсено лице кое бегало од полицијата по што таа пукала во воздух. Настанот се случил  во населба Отовица.

„На 31 јули  во 19.20 часот во населба Отовица во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Б.Ш.(20 год) од село Морани, општина Студеничани. Претходно, тој не застанал на знак за запирање даден од полициските службеници и при обид за бегство со возилото „мазда“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во сообраќајни знаци поставени покрај патот, по што го напуштил возилото. Откако неколку пати не застанал на дадена наредба, полициски службеник испукал два предупредувачки куршуми во воздух, по што лицето застанало и било лишено од слобода“ - соопшти Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.

По документирање на случајот, против него полицијата ќе  поднесе соодветен поднесок.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »