речник контакт

Во населба Шорка опожарена куќа

Мајка со две деца се здобиле со опекотини од втор степен и се згрижени во Болница

Петар Печков

Вчера претпладне  во населбата Шорка  опожарена е куќа, сопственост на Д.З. во која три лица се здобиле со повреди. Според ТППЕ пожарот избувнал пред 10 ч. на улица Тодорче Николовски бр.48. Го гаснеле пет пожарникари со две возила. 

Огнот беше локализиран за 50 минути.  Пламенот се појавил од таванот и ги зафанал високите делови од собата. Евакуирани се три лица и однесени во Болница - изјави командирот на ТППЕ Љупчо Лепидовски. 

Во ЈЗУ Општа Болница Велес после 10ч. биле донесени три пациенти, кои се здобиле со повреди во пожар.

 Беа донесени 40 годишна жена, мајка на две деца од година и половина и од три месеци.  Кај нив има констатирано опекотини од втор степен по главата, лицето, вратот. Тие се надвор од животно загрижувачка  состојба, но се здржани на лекување во хируршкото одделение - изјави Марина Андова портпарол на ЈЗУ Општа Болница Велес.  

За причините за пожарот, одговор ќе даде истрагата која ја спроведува СВР Велес.

фото:архива  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »