речник контакт

Во неделата 13 возачи возеле побрзо од дозволеното по улиците на Велес

Акцијата била спроведена и во неколку други македонски градови-Кавадарци, Неготино, Штип, Кочани, Свети Николе, Пробиштип, Делчево, Виница, Берово. Колку возачи таму се казнети?

Петар Печков

Во неделата напладне, сообраќајната полиција контролирала колку возачите ја почитуваат пропишната брзина низ улиците на градот. Во периодот од шест часа, во Велес биле констатирани 13 прекршоци.


Неделата на 27-ми септември  од 13 до 19 часот на подрачјето на СВР Велес била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, биле регистрирани 33 прекршоци, од кои  13 во Велес, 12 во Кавадарци и осум во Неготино - соопшти Верољуб Додески, портпарол на СВР Велес.

Тој дополни дека возачите ќе бидат санкционирани со соодветни пријави.

Истиот период, во неделата од 13 до 19 ч. иста ваква акциска контрола била спроведена и на подрчајето на СВР Штип. Таму  биле санкционирани  вкупно 97 прекршоци, од кои 39 возачи управувале со брзина поголема од дозволената надвор од населено место и 58 во населено место. Преземени се 97 мерки за прекршоците и тоа 29 Штип, 20 Кочани, 14 Берово, 12 Делчево, 9 Виница, 7 Свети Николе и 6 Пробиштип.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »