речник контакт

Во неделата попладне, моторист кај Каратманово удрил во стадо овци

Лицето се здобило со тешки телесно повреди и е префрлено на Клиника во Скопје

Петар Печков

Неделата попладне, кај селото Каратманово, моторист удрил во стадо овци, кое го преминувало патот и се здобил со тешки лесни повреди. Префрлен е на Клиники во Скопје
 
„На 08 октомври  во 16.30 часот во Полициската станица Свети Николе било пријавено дека на магистралниот пат Велес -Штип, клучка за село Каратманово, мотоцикл „сузуки“ со светиниколски регистарски ознаки, управуван од Д.А.(36 год) од село Ерџелија, светиниколско, удрил во овци кои преминувале преку патот и паднал“ - соопштија од МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општата болница Велес.

„Примено е лице од сообраќајна несреќа. При прегледот констатирана е скршеница, ноќеска останало на набљудување на хирургија а утрово поради дополнителни претраги и снимања, пратено на Клинички во Скопје“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, задолжена за односи со јавност во Велешка болница.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Свети Николе.

 фото илустрација

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »