речник контакт

Во ноќна акција на планината Дервен, уапсени седум дрвокадци со 11 м3 огревно дрво

Дрвокрадците се обиделе да ги нападнат шумските полицајци поради што тие пукале во воздух

Петар Печков

Седум лица се уапсени а одземени се 11 м3 огревно дабово дрво, шест автомобили и едно комбе во ноќната акција на Шумската полиција, СВР Велес и Шумското Стопанство  Бабуна. Акцијата е спроведена во четвртокот навечер  на теренот на планината Дервен на стариот пат Велес - Прилеп  а  сторителите биле прилепчани.        

Во акцијата одземени се 11 м3 огревно дабово дрво, шест  автомобили, три моторни пили, едно комбе  ,,застава,,. Седум  лица  се лишени од слобода, сите прилепчани и се на возраст од  15 до 43 години - изјави Анита  Стојковска портпарол на СВР Велес, на заедничката прес  конференција со шумската полиција.

Ова е трета голема заедничка акција за два месеци на истиот терен, кој е често  мета на пустошење на дрвокрадци. Таа  најави дека  против сторителите ќе бидат поднесени соодветни кривични и прекршочни  пријави за  шумски кражби, пустошење на шуми и бесправен превоз на огревни дрва.  Акцијата била мошне напорно да се изведе  оти  теренот бил тежок, вечерта дождлива а  дрвокадците  давале отпор. Ноќта имало и истрели, со цел да се  дициплинира групата, која се обидела да   оштети  едното од возилата  на  Шумската  полиција.     

На лице место затекнати  се  неколку групи дрвокардци  во против правна сеча на дрвја а  вкупно  броеја помеѓу 30 до 40  лица. Даваа  и пасивен отпор, поради што моравме да истреламе во воздух три истрели.  Некои од нив се обидоа да го оштетат и нашиот џип.  Лицата кои беа затекнати  се стални нарушители на законот, познати  на нас. Дрвото  го продаваат на црниот пазар  во Прилеп  - изјави Горан Тодоров командир на Шумската полиција  Велес.

Во акцијата учестувале 14 шумски полицајци и 5 од СВР Велес  а се одвивала    во терминот од 20 до 2 часот полноќ  на  планината Дервен  на стариот пат Велес - Прилеп, помеѓу селата Степанци, Смиловци и Поменово.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »