речник контакт

Во општина Чашка излезеноста до 18,30 ч. беше 65 отсто а во Лозово 77

Висок одѕив за втор круг од локалните избори, преку 80 отсто за градоначалник во Росоман и Демир Капија

Петар Печков

Во Општина  Чашка  излезеноста во вториот круг од локалните избори  за избор на градоначалник во 18,30 ч. е  65,33 отсто или пред 14 дена беше   61,86  отсто од запишани 6.171 гласачи.

Во Општина Лозово излезеноста  во вториот круг од локалните избори  е 77,19  споредено со пред две седмици  кога бeше 76,59отсто од запишани 1.984 гласачи. 

Во Општина Росоман  излезеноста  во вториот круг од локалните избори  е 80,81%  споредено со пред две седмици кога беше 71,39 отсто од запишани 3.343 гласачи.

Во Општина Демир Капија   излезеноста  во вториот круг од локалните избори  е 80,37 споредено со пред две седмици кога беше 70,57 отсто од запишани 3.250 гласачи.

Податоците се од Државната изборна комисија и се однесуваат за сите избирачки места во овие четири општини, или за 100 отсто обработени ИМ.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »