речник контакт

Во пет до 12 и СДСМ ги поднесе кандидатурите за градоначалници

Тие во Велес, Чашка, Градско и Лозово понудија кандидати за градоначалник и листа за советници. Кои се имињата на кандидатите? .

Петар Печков

Со продолжениот рок, петок на полноќ заврши можноста за кандидирање на градоначалници и листи за Совети за локалните избори кои се закажани за 24 март.  Овој рок го искористи СДСМ и за сите четири општини  во велешко понудија свои кандидати за градоначалник и листа за Совет.

Во Велес тоа е Аце Коцевски. Тој ќе биде во трката за градоначалник заедно со Марјан Спасовски СДУ, Славчо Чадиев  ВМРО-ДПМНЕ , Тања Петровска од СДПМ, како исто така дополнително предложениот Горан Мишков од Сојуз на Титови леви сили. Листа за советници претходно доставија и ВМРО-ДПМНЕ со 19 коалициони партнери,  ДОМ, ДПА, ДУИ, СДУ и Сојуз на Титови леви сили а од вечерва и СДСМ.


 Во Градско  кандидат на СДСМ  е Љупче Иванов  а претходно беа пријавени: Жанета Чаушевска ВМРО-ДПМНЕ, Перо Кузмановски од СДУ и Наташа Лазарова од СДПМ.  Во оваа општина имаше само една советничка листа на ВМРО-ДПМНЕ а сега тие добија конкуренција во СДСМ.

Во Лозово кандидат на СДСМ е Ацо Велковски кој е во друштво со претходно пријавените: тројца независни кандидати Трајче Георгиевски, Слободан Јовановски и Горанче Велков и кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ  Орце Цветековски . До тамошната ОИК поднесени беа осум листи за советници, пет независни и од ВМРО-ДПМНЕ, ДОМ и НДМ, плус сега од СДСМ.

Во Чашка кандидат на СДСМ е единствената жена во велешко Марина Андова која е во борба за гласови заедно со претходно пријавените: Горанчо Пановски  од ВМРО-ДПМНЕ, независниот Дејан Ангеловски и Сања Димовска од СДУ.  Имаше седум листи за советници, една независна и шест од партии НДМ, ДОМ, ДУИ, НДП, ДПА и ВМРО – ДПМНЕ, и од вечерва листата на СДСМ.

Новите кандидати теба да ги потврди ДИК но и комисијата за лустрирање, по што тие ќе бидат и официјални.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »