речник контакт

Во подметнат пожар изгоре велешанец

Велешанецот Аким Рушитов (23 год) жив изгоре во мафијашка пресметка за девојка, која се случи во ноќта помеѓу четвртокот и петокот во новиот дел од градот

Петар Печков

Велешанецот Аким Рушитов (23 год) жив изгоре во мафијашка пресметка за девојка, која се случи во ноќта помеѓу четвртокот и петокот во новиот дел од градот.  

Според началникот на СВР Велес Петре Игнов, инцидентот се случил во 4 часот петокот наутро, кога дошло до расправија помеѓу лицето Л.Н. ( 24 год) од една страна и Д. С.( 43 год) и С.Џ. од друга страна, сите од Велес.

Тие се расправале за девојка а лут поради тоа што таа му ја превзеле Л.Н. ги затворил во гаража неговите двајца противници но и други три лица Б.Г. М.Б. С.А. од кои две биле девојки.

Гаражата која била дрвена од повеќе страни ја запалил а влезната врата ја затворил со хебла, поради што петмината не можеле за излезат па барајЌи спас ја скршиле задната страна и така избегнале да бидат изгорени. Таква среќа немал Аким Рушитов кој спиел во соседната гаража.

\"\"

Попусти биле обидите на неговите пријатели да го спасат, дрвената конструкција бргу пламнала и  за него немало спас. Неколку часа подоцна телото било пронајдено јагленисано.

Двете гаражи биле сопственост на Димитар Ставров еден од учесниците во инцидентот. Тој  ги користел како Студио за аудио и видео снимање.

Велешката полиција против Николче Лукаров поднесе кривична пријава за убиство а јавното обвинителство барање за притвор. Соседите кој настанот го следеле од терасите на зградата на улица Крсте Мисирков бр.28 се видно потресени.

- Околу 3,15 часот ме разбудија повици за помош и викање Аким, Аким. Мислев дека е дојдено до тепачка бидејќи такви настани често се случува во овие гаражи. Попусто баравме од сопственикот да престане да работи таму, бидејќи ноќе немавме мир. Кога излегов на балкон, што да видам голем пламен за миг ги зафати дрвените гаражи, еден млад дечко се обидуваше да го разбуди некого што спиеше таму ама попусто. Кровот падна и за него немаше спас. Сеуште се чувствуа мирис на изгорено но и уште полоша реа на човечко месо - вели еден од соседите.

\"\"

Среќни се што пожарната која е на стотина метри дошла брзо но сепак еден час го гасела пожарот кој стравуваат можел да ја зафати и зградата. Огнот ги изгорел електро инсталациите што ја отежнувало работата на пожарникарите. Соседите велат дека гаражите се користеле за простор каде доаѓале лица за  коцкање или пак се подведувале женски.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »