речник контакт

Во пожар на трло, близу Грнчиште изгоре живина и бали сено

Огнот го гаснеле три часа шестмина пожарникaри со четири возила

Петар Печков

Во пожарот кој синоќа околу 21 ч.  е регистриран во трло, близу автопатот Велес- Градско на патот за село Грнчиште, изгорена е живина и кровот, со значителна материјална штета.

На терен била противпожарната единица од Велес со четири возила и шест пожарникари, кој огнот го гаснеле три часа.

Огнот се гаснеше од 21 до 23,30 ч.  Изгорени се 520 бали сено, една крава и шест кокошки, како и кровот на  трлото. Причините за огнот дополнително ќе бидат истражени а по извршениот увид- кажа Љупчо Лепидовски, командир на ТППЕ Велес.  

фото:архива

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »