речник контакт

Во пожарот кај Дурутовец изгорени 20 хектари, стрниште, лозје, ниска дабова и борова шума

Во гаснењето голема помош освен од пожарникарите имало и oд месното население на Дурутовец но и од Чолошево

Петар Печков

Пет часа траеше борбата со огнот, кој и се закануваше на приградската населба Дурутовец, вчеравечер. Пожарот кој пламнал на градежна парцела, зафатил стрниште и дел од депонијата, бил локализиран околу полноќ.

Во неговото гаснење освен жителите на населбата масовно се приклучиле и жителите од соседното Чолошево, велешки пожарникари, но и пожарникарите од Македонски железници, оти огнот се заканувал и на пругата Велес- Штип. 

Жителите на населбата Дурутовец,  се уште под емоции и стрес од огнот кој синоќа се заканил да им одзеде се што спечалиле во животот.

„Беше лошо, не фати страв, паника, можеше се што сме создале во животот, пламенети јазици да ни го одземат. Синот, сопругот, другите мештани се само организираа, оти огнот започна околу 17ч. Дојдоа подоцна и пожарникарите и околу полноќ огнот беше изгаснат“ - вели жителка на Дурутовец.   

„Зафатени беа 20 хектари стрниште и дел од градската депонија, лозја, дел од ниско дабова шума, борова шума. Огнот е регистриран по искрење од паднат кабел. Има опожарено и две возила. Спречивме огнот да зафати четири викенд куќи“ - рече Ивица Поповски, командир на одделение кој учествуваше во локализирањето на огнот, заедно со десетина негови колеги пожарникари на ТППЕ Велес. 

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »