речник контакт

Во посебното ОУ Маца Овчарова, отворен Дневен центар

Со оваа швајцарска донација ќе се згрижуваат децата од училиштето, кои посетуваат дневна настава

Петар Печков

Посебното ОУ Маца Овчарова од Велес, доби Дневен центар за деца со посебни потреби, кој е финансиран од Швајцарската амбасада. Тој на децата  кои посетуваат настава  од училиштето им нуди помош од негувател, дневна грижа, а децата од нискиот социјален статус се згрижени до попладневните часови, имаат обезбедено и оброк.

Ранливите групи се главна целна група на помош на швајцарската амбасада во Македонија. Очигледно дека е потребна помош на овие деца на возраст од 6 до 16 години, нивна едукација и рехабилитација. Овој центар е голема поддршка и за нивните родители а интегрира деца со различни степени на попреченост. Мора да се надминат предрасудите кон нив, за да може тие да се вклучат во  секојдневните општествени  текови на животот – рече   Стефано Лазарото амбасадор на Швајцарија во Скопје.

Во велешкото посебно ОУ Маца  Овчарова учат стотина деца со различни видови на хендикеп, не само од градот  и околните села, туку и од Повардарието.  Директорката посочи дека  се почесто добивале  деца ученици со се потежок вид на хендикеп, аутизам, церебрална парализа, мулти хендикеп и затоа е добро што е отворен овој Дневен центар.

Добро е што  овие деца, во дневниот центар   почнаа да добиваат помош од негувателка која им е неопходна. Згора на тоа на децата од социјално ранливата категорија, тука им се дели и еден дневен топол оброк, ручек. Петнаесет отсто од светската популација има некаква попреченост и затоа е потребно да се надминуваат бариерите кои ги имаат  лицата со хендикеп – вели Тања Љапова директорка на ПОУ Маца Овчарова.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »