речник контакт

Во посета на Ореше

Иако селата Ореше и Папрадиште се со иста животна приказна за населувањето, тие се чиста спротивност во живеењето.

Петар Печков

Иако селата Ореше и Папрадиште се со иста животна приказна за населувањето, тие се чиста спротивност во живеењето. Ако Папрадиште нема жители, ги има повратници само преку лето, Ореше брои 200 и лето и зимо. Таму има и училиште до четврто. Има и продавница. Бидејќи е на 800 метри надморска височина неговите жиели немаат можност за земјоделие па тешко се живее. Некој одгледува стока, која за жал и неа ни млекото нема кој да ги откупи. Велат дека живеат од социјална помош, иако рака на срце тешко може да се примети тоа. Машката работоспособна популација заминува од селото и работи како молери, по тоа се познати надалеку во Македонија.



Според легендата што жителите ја раскажуваат, како и Папрадиште во 16-тиот век го населиле мијаци од Галичник. Прв дошол да живее некој Орешко, така се викал, по кого подоцна селото го добило името Ореше. До него се доаѓа по асфалтиран, но тесен пат. Тоа е последна дестинација понатаму нема каде да се оди, поради што и селото заостанува.



Но и покрај се, жителите се верни на Ореше, бракови се склучуваат само со  потпмци на папрадиштани или некое блиско село. Во него има две цркви Св.Богородица, Св.Петка и манастирот Св.Ѓоргија кој е на 3 км. Селаните живеат и од откуп на печурки вргањ или боровинки, некои пак изработуваат дрвени авани за домашна употреба. Не се многу разговорливи, поради што и текстот не е многу богат со интересни приказни, но за секој гостин во селото има добредојде. Опколено е со шума а до него се стигнува и со воз, во близината е станицата Орешка чука.





АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »