речник контакт

Во првата годинашна акција за крводарување во Градско собрани 73 крвни единици

Шестмина се дарители за прв пат

Петар Печков

Реализирана е првата од трите крводарителски акции, кои годинава ќе се одржат во Градско. И овој пат  крводарителите од Градско повторно ја докажаа нивната хуманост.

„На традиционалната крводарителска акција која се одржа во просториите на Домот на културата Крсте Петков Мисирков даруваа 73 крвни единици. Шестмина од дарителите даруваа за прв пат“ – соопшти Орце Николов секретар на ОО на Црвен крст Велес.

Акцијата заеднички ја реализирана од ОО на  Црвен крст на Велес и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје.

Останатите две крводарителски акции  во Градско ќе се одржат во текот на оваа  во 2024 година.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »