речник контакт

Во првата годинешна акција за дарување крв во Велес, собрани 66 крвни единици

Тројца од дарителите за прв пат даруваа крв

Петар Печков

Во првата годинешна акција за дарување крв, традиционалната зимска собрани се 66 крвни единици, од нив тројца се прв пат дарители.

Ова е првата годинешна крводарителска акција во 2022- година, која ја организираше Општинска организација на Црвен Крст во Велес.

„Крводарителите од Велес и околината за пет часа даруваа 66 крвни единици. Со ова сите тие придонесоа за здравјето на пациентите насекаде во државата“ - кажа Орце Николов, секретар на ОО на Црвен Крст Велес.  

Се одржа во Ликовниот салон во терминот од 9 до 14 ч. и беше организирана со Институтот за трансфузиона медицина од Скопје.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »