речник контакт

Во првата крводарителска акција годинава собрани 65 крвни единици

Лани во велешко собрани 3.390 крвни единици со што планот е реализиран со 182 отсто

Петар Печков

Во првата годинашна крводарителска акција одржана во Велес, денес собрани се 65 крвни единици. Од нив 16 се од жени и четири лица прв пат дарувале крв. Акцијата се одржа во просториите на Ликовен салон, организирана од Општинскиот Црвен крст Велес и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје.   

Секретарот на Општинскиот Црен крст Велес, Орце Николов информираше дека  минатата година во велешко, заедно со општините Чашка и Градско биле собрани 3.390 крвни единици. Со ова планот е реализиран со 182,16%, реализирани биле 18 крводарителски акции.

Годишниот план за лани беше  1.861 крвна единица а на прво место во Македонија е ОО на Црвен крст Виница. Претходно две години крводарителите од велешко беа најхумани во Македонија.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »