речник контакт

Во првиот уписен рок во четирите средни училишта запишани 566 ученика

Во „Коле Неделковски“ безмалку се пополнети сите места во прва година

Петар Печков

Од 830 слободни места во прва година во четирите средни училишта во Велес, во првите два уписни рока, пополнети се  565, соопштија од локалната власт.

Најмногу се во Коле Неделковски со  274 запишани ученици. Во ова училиште останале уште малку слободни места и тоа за струките -електроника и телекомуникации, техничар за транспорт и шпедиција, заварувач, автомеханичар, машински техничар за моторни возила.  

Во Гимназијата „Кочо Рацин“ во двете пријавувања во првиот уписен рок запишани се  106 ученика, од нив 84  ученици во македонските паралелки и 22 ученика во албанската паралелка.  Во спортската паралелка, која работи во Гимназијата а е засебен субјект,. примени се 10 ученици, за фудбал.
 
Во Хемиското „Димитрија Чуповски“ во двете пријавувања запишани се вкупно 135 ученици. Исполнет е профилот фармацевтски техничар  и  медицински лабораториско- санитарен техничар.
 
Во Економска „Јовче Тесличков“во двата уписни циклуси, пријавени се 51 ученик.
Податоците се добиени од службите на Општина Велес, по поставено прашање од ТрМр.

Пријавување на учениците ќе се врши  и на 21 август до 24  часот. Ранг листата на запишани ученици се објавува на 22 август 2023 година.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »