речник контакт

Во првите два месеци од платениот паркинг, собрани биле 481 илјада денари

Собраните средства се однесуваат за месеците август и септември, првите два откако започна да функционира платениот паркинг во Велес

Петар Печков

За два месеци  работење, ЈП Парк -спорт и паркинзи собрало 481.105 денари. Ова стои во девет месечниот извештаен период на работење на ЈП.  Собраните средства се однесуваат за месеците август и септември, првите два откако започна да функционира платениот паркинг во Велес. Од Операторот Т-мобиле прибрани биле 222.162 денари додека од операторот А1 собрани се 258.943 денари.  

„Од собраните средства месечно од платениот паркинг, не можат во целост да се покријат трошоците за плата за деветте времено ангажирани лица, вклучени во регулирање на платениот паркинг“ -реагираше членот на Советот Драган Димески.

„Тоа е така поради тоа што околу 120 места не можат да се користат за паркирање. Тоа се паркингот покрај Вардар, каде сега се тезгите од пазарот и пред Центарот за социјални работи, каде се возилата на изведувачот кој работи на  покриен пазар“ - кажа директорот Љупчо Иванов, директор нa ЈП Парк спорт и паркинзи.  

Во Велес, во двете зони  на корисниците им се на располагање 11 јавни  паркиралишта со 315 паркинг места.  Улиците кои се во централното градско подрачје, подоцна беа изземени од  наплатата на паркирањето. Но затоа тие станаа тесно грло во градот за сообраќај.  Цената на услугата во зона А е 30 денари, во зона Б е 20 денари, за еден час.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »