речник контакт

Во првите три месеци годинава Велес во минус 26 сограѓани

Како крајот, така и почетокот на годинава во Велес има морталитет, се родиле помалку бебиња отколку што починале лица

Петар Печков

 И натаму во општината е присутен трендот на негативен прираст,  морталитет, има повеќе мртви отколку родени. Според  денес објавените резултати на Државниот завод за статистика во првите три месеци родени се 140 бебиња а починале 166 лица или демографската слика на градот е во негатива 26 лица. 

Слично е со соседните општини Во Градско има пет новороденчиња и 11 починати, во Лозово седум новороденчиња и 11 починати а единствено во Чашка состојбата е различна 39 родени со 30 починати или општината има прираст од девет лица.  Но затоа во оваа општина има повеќе разводи  12 отколку бракови  7 . Во Лозово  и Градско не се разведуваат има  по 4 склопени брака.

Во Велес има  70  склопени брака  во првите три месеци ( или за потсетување само изминатите две седмици во Велес има 20 нови брака) и  14 разводи.

За потсетување на негативниот тренд кој во Велес владее последните седум години.  Во третото тромесечје од 2012  има родено 142 бебиња а починати се 145 лица. Тогаш има склучено 117 брака и 9 разводи. Поразителни се податоците на Државниот Завод за статистика за населението во општина Велес, за достапните последни три години, 2009-та, 2010-та и 2011-тата.  Велес  има мал  природен прираст за  овие три години од само 59 лица, во кој период  се иселиле 120 лица. Или сме во минус 61 лице.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »