речник контакт

Во првите три месеци годинава локалната власт потрошила 22, 7 милиони денари во изградба на инфраструктура

Општина Велес продолжува наменски и домаќински да ги троши парите на граѓаните вели градоначалникот Коцевски

Петар Печков

За капитални расходи, првите три месеци годинава  локалната власт потрошила  22.736.252 денари а во 2017-та, последна на претходниот градоначалник  5.166.118 денари . Со овие податоци презентирани на прес конференција,  градоначалникот Коцевски, потенцира дека наспроти мислењето на јавноста за ефетите од работата, бројките покажувале друго.

„Од овие бројки заклучете сами кога се градело повеќе.  Општина Велес бележи одлични резултати во првиот квартал од годинава. Иако во јавноста во градот преовладува мислење, дека помалку се гради споредено со претходните години, фактите и бројките покажуваат дека состојбата е поинаква.  Се гордеам со поостинатите резултати годините наназад“ - рече градоначалникот Коцевски.

Тој го спореди првиот квартал од  2021 година, кога  Општина Велес реализирала приходи во износ од 193.160.003 денари што во споредба со реализираните приходи од 2017 година, последната на претходниот градоначалник,  кога  изнесувале 150.584.766 денари, или годинава биле за 42,6 милиони денари повеќе. 

Реализираните расходи во првиот квартал од 2021 година биле 174.894.945 денари а во 2017-та 139.547.334 и  за 34.5 милиони денари повеќе во однос на истиот период во 2017 година. Коцевски се пофали дека досега годинава, потрошени биле „0“ (нула)  денари за репрезентација.   За споредба, во 2017 година биле потрошени 120.269 денари. За патни расходи во првиот квартал од 2021 година потрошени биле 3.935 денари додека за истиот период во 2017 година 114.893 денари.

„Сакам да ве уверам дека Општина Велес ќе продолжи наменски и домаќински да ги троши парите на граѓаните“ - потенцира Коцевски.

Потсети дека изминатиот период е извршена  реконструкција на коловозот на дел од улица „Благој Ѓорев“ и „8-ми септември“ со површина од околу четири илјади м2 квадратни метри и реконструкција на а коловозот на дел од улица  „АСНОМ“ со  површина од околу 4,8 илјади м2.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »