речник контакт

Во прво одделение во велешко, пријавени 444 ученици

За споредба лани биле запишани 509 ученика, во 2018-та 553, во 2017-та 470 а во 2011-та имало 410 првачиња, додека пред 10 години во 2010-тата имало 559 првоодделенци.

Петар Печков


Во прво одделение во велешките основни училишта пријавени се да почнат да одат на училиште  444 ученици.

Најмногу од нив се во   ОУ Васил Главинов 174, од кои 54 се во подрачните училишта во Бузалково -29, Клуковец и Сливник по 8, Превалец 6 и во Раштани три првачиња.    Потоа следи ОУ Блаже Конески со 105,  ОУ Панко Брашнар со 70, 13 се во селата Караслари 8, Башино село три  и во Чолошево две првачиња.  Во ОУ Св. Кирил и Методиј има 62 пријаени ученици за прво одделение  а шест од нив се во подрачното училиште во Црквино, додека во ОУ Рајко Жинзифов од Горно Oризари има 25 првачиња а во ОУ Стојан Стојчевски Буридан од Иванковци  има осум.

За споредба во штотуку завршената учебна 2019/2020 година запишани биле 509 првачиња. Ова се податоците добиени од Општина Велес, по  поставеното прашање од ТрМР колку првачиња се пријавени за упис во прво одделение во учебната 2020/2021 година, чиј рок беше до крајот на претходниот ден од претходниот  месец, 30-ти јуни.

Потсетување дека во 2011-тата прво одделение во велешко учеле 410 деца, додека во 2010-та имало 559 првачиња.  Не така одамна 2018-та имало  553 првоодделенци, а во 2017-та 470 ученици.  Или бројките од година в година варираат.

Учениците ќе бидат запишани откако ќе биде извршена вакцинацијата од МРП, која се уште не е почната а според најавите од локалната власт,  децата документот треба да го достават до почетокот на учебната година.    

фото архива ТрМр

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »