речник контакт

Во првото полугодие 19 случаи на лица позитивни на ковид19

Ова се податоци од полугодишниот извештај на Центарот за јавно здравје во Велес, кој беше презентиран пред членовите на Советот на Општина Велес.

Петар Печков

Во првите шест месеци од годинава во Велес и велешко имало 19 случаи на позитивни на  ковид19. Ова се податоци од полугодишниот извештај на Центарот за јавно здравје во Велес, кој беше презентиран пред членовите на Советот на Општина Велес.

За овој период нема случај на починат пациент. Сите позитивни случаи биле потврдени и со тест.

„Станува збор за лица на кои во тој период им требале потврди кои беа барани  дека се негативни на ковид19 за оперативен зафат, за сместување во старечки дом. Потоа вакви потврди, после мај месец  не се бараа, па повеќе и немаше  регистрирани случаи“ - кажа д-р Бојан Тодоровски епидемиолог  од ЈЗУ Центар за јавно здравје Велес.  

За три години на светската пандемија во Велес и велешко од последиците на ковид19 починаа 330 лица.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »