речник контакт

Во пролетната акција во градот засаден 27 илјади цветен расад

Од ЈКП Дервен потсетуваат дека цвеќињата не се да се корнат и носат дома

Петар Печков

Во пролетната акција на разубавување на Велес, ЈКП Дервен зсади 27.010 цвеќиња. Истеи се засадени на пвоеќе лоакции во градот, на јавни површини.

Насадени се цвеќиња од сортата „импатиенс“ и „тагетес“ на локациите: жардињера пред Гимназијата, кружен тек „Авона“, жардињера околу фонтаната кај кружниот тек „Авона“, жардињера пред Касарната. Засадени се  цвеќиња должинат на улица Благој Ѓорев, од кружниот тек „Авона“ надолу, Димитар Влахов - информираа од ЈКП Дервен.

За оваа активност средствата се обезебдени од локалниот Буџет, согласно програмата за зазеленување на јавните површини. Голем  проблем  претставува кражбата на засадените цвеќиња од страна на несовесни граѓани, што го расипува изгледот на цветните жардинери.  Од ЈКП Дервен и локалната власт потсетуваат дека цветниот расад е за разубавуваае на градот а не на дворните места на дел од велешани.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »