речник контакт

Во пролетната акција на крводарување на МК Носачи на крстот собрани 169 крвни единици

Вчера, сабота крводарителска акција беше организирана во населба Градско, каде се собрани 46 крвни единици

Петар Печков

Успешна е денешната  крводарителска акција, која ја организираше МК Носачи на крстот од Велес, заедно со Општинската организација на Црвениот крст. Собрани се 169 крвни единици, од нив седуммина беа дарители за прв пат. Таа се одвиваше во Ликовниот салон.

„Голема благодарност за сите крводарители кои даруваа  крв, акцијата ги надмина очекувањата.“ - кажа Орце Николов, секретар на ОО Црвен крст Велес.
 
Претходно 14 години МК „Носачи на крстот“ организираше крводарителска акција, во чест на Денот на Општината 9-ти Ноември и ова е за втор пат да се организира и во пролет. На ланската пролетна се собраа 141 крвна единица. Најуспешна досега е таа од 2014-та година кога беа собрани 177 крвни единици а лани есента  173.

Во текот на вчерашниот ден крводарителска акција се организираше и во населба Градско. Вкупно се собрани  46 крвни единици, двајца од дарителите дарувале  за прв пат.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »